Нашата мисија

Мисија

Меѓународната организација Мајки во молитва влијае на децата и училиштата низ целиот свет за Христос преку собирање мајки за да се молат.

Визија

Нашата визија е секое училиште во светот да биде покриено со молитва.

Kathrin Larsen

Без разлика колку е тешка или тажна ситуацијата во животот на вашето дете,

моќта на Божјиот збор може да промени сè!

Катрин Ларсен
Директор на Меѓународна организација Мајки во молитва во Европа и Израел

Сите членови на групата се согласуваат со:

Охрабрена сум што знам дека мајките од Мајки во молитва се молат за мене како наставничка и за училиштето каде што предавам. Ова ми дава многу ценета поддршка.

Цитат од наставничка

КАКО СÈ ЗАПОЧНА

Во 1984 година, срцето на Ферн Николс беше загрижено за нејзините двајца најстари синови поради искушенијата со кои ќе се соочат во основно училиште. Таа повика друга мајка да се молат за своите деца и училиштето. Тие поканија други христијански мајки и почнаа да се среќаваат на молитва. Ова беше почетокот на меѓународната служба Мајки во молитва. Веста се прошири и наскоро групите пораснаа во нејзината област, а подоцна се проширија низ целиот свет. Денес, Мајки во молитва е предводена од претседателката Сали Бурк, а групите се среќаваат во секоја држава во САД и во повеќе од 150 земји.